Фудбалерот на Барселона, Дани Олмо, четири недели ќе биде надвор од терените поради повредата која ја заработи на синоќешниот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите.
Олмо во 27-та минута по еден дуел со играчот на ПСЖ, Витиња, мораше да биде изваден од игра бидејќи се пожали на повреда, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за повреда на бутниот мускул на десната нога.
Ова значи дека Олмо ќе го пропушти најголемото фудбалско дерби, Ел Класико и дуелот со Реал Мадрид кој ќе се игра в недела, како и дуелите против Атлетико Мадрид и Виљареал во Ла Лига, но и натпреварите во Лигата на нации каде Шпанија ќе игра против Чешка и Англија.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.