Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење кои се одржуваат во Монтесилвано, Италија.
Топузовски настапи во сениорска конкуренција, во категоријата до 100 килограми, каде што се соочи со силна меѓународна конкуренција.
Овој успех е продолжение на неговите одлични резултати на меѓународната сцена. Во 2023 година, Марко освои златен медал на Европското првенство во кинеско борење за сениори, исто така одржано во Италија.
Со освоениот бронзен медал, Марко Топузовски уште еднаш успешно го претстави македонскиот спорт на светската сцена и потврди дека македонските борачи имаат свое место меѓу најдобрите!





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.