Следната година, шампионатот во Мото ГП влегува во нова ера, во која моторите ќе имаат 850 кубици наместо досегашните, а ќе стапи на сила и нов формат на тркачки викенди.

Почнувајќи од 2027 година, „кралската класа“ ќе вклучува три слободни тренинзи, два квалификациски тренинзи, спринт и трка за Големата награда, но без вообичаените сесии за загревање. Најважната промена е тоа што сите возачи ќе учествуваат во првиот дел од квалификациите практика што со години не се применуваше од безбедносни причини, бидејќи резултатите од официјалниот тренинг претходно одредуваа кој оди директно во вториот дел од квалификациите.

Во петок, мотоциклистите прво ќе имаат слободен тренинг во времетраење од 45 минути, додека вториот слободен тренинг, кој ќе трае половина час, ќе го замени досегашниот официјален тренинг. Активноста во петок ќе заврши со 15-минутни квалификации за спринтот за сите возачи, а резултатите ќе го одредат стартниот редослед за саботниот спринт.

Во сабота, програмата започнува со третиот слободен тренинг во времетраење од 20 минути, по што веднаш следат квалификациите за главната трка. Сите возачи ќе учествуваат во првиот дел, а најдобрите 12 ќе се борат за пол-позицијата, додека спринтот ќе се одржи во попладневните часови.