Македонската кикбокс репрезентација ќе се бори за својот прв златен медал на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Лидо ди Јесело, Италија.
Томи Андонов во категоријата над 81 килограм во дисциплината К1-јуниори, во полуфиналето славеше убедлива победа против Казахстанецот Ринат Уралбај.
На, тој начин Тони се избори за финале и битка за златото на светскиот шампионат.
Во второто денешно полуфинале, Петар Лозановски не успеа против Ахмед Каикинов од Казахстан во категоријата до 60 килограми во Лоу Кик – помлади јуниори, па со тоа останува со освоениот бронзен медал, што исто така претставува одличен успех.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.