Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски имаше спектакуларна борба на „Глори 110“ во Антверпен, Белгија, приредувајќи вистинско изненадување во професионалниот кик-бокс свет.

Илиоски со неверојатен нокаут уште во првата рунда, претходно и со два нокдауни за противникот, го совлада големиот фаворит Мароканецот Ајмане Латифи.

Во борбата во средна категорија, Латифи ја носеше фаворитската улога ако се знае дека досега има 21 победа и четири порази во професионалниот кик-бокс.

Но, Илиоски не мислеше така, од првата секунда влезе агресивно во борбата и трипати во првата рунда го „патосираше“ противникот и за конечна победа со технички нокаут.

View this post on Instagram

Со овој триумф Бобан Илиоски запиша историја за македонскиот кикбокс како прв Македонец со победа во најелитното кик-бокс друштво во светот.