Македонскиот кикбокс обезбеди уште еден медал по вториот ден натпревари на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Италија.
По Петар Лозановски, најмалку бронза обезбеди и Глигор Николов кој во категоријата до 67 килограми во Лоу Кик-помлади јуниори во четвртфиналето го победи Гркот, Јоанис Апостолу.
Николов сега го очекува полуфиналето во желбата да дојде и до битка за злато на шампионатот.
Претходно, Лозановски во категоријата до 60 килограми во Лоу Кик-помлади јуниори, во четвртфиналната пресметка го победи Вук Ловриќ од Србија и со тоа обезбеди полуфинале.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.