Возачот на Априлија, МАрко Бецеки излезе какоо победник од денешната трка за ГН на Индонезија, вкупно 17. трка од овогодинешното издание на Мото ГП шампионатот.
За Бецеки ова беше петти триумф сезонава, но истовремено и прва победа по 133 дена пауза, откако италијанскиот мотоциклист последен пат се радуваше на патеката „Муџело“ кон крајот на месец мај годинава.
Тој мина прв низ целта со три и пол секунди подобро време од второпласираниот Раул Фернандес, кој возеше со скршен прст на раката по повредата заработена на спринт трката во саботата.
Третото место му припадна на Хорхе Мартин, кој е презадоволен од ваквиот исход ако се знае дека Марк Маркез потфрли и денеска заврши на шестото место, па Мартин сега се врати на чело во генералниот пласман, со само два бода предност во однос на големиот ривал.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.