Во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ гостин е поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз, долгогодишен фудбалски работник, кој меѓу бројните теми се осврнува и на периодот на промената на тогашниот претседател на ФФМ, Хари Хаџи-Ристевски во 2012 година.

Јонуз открива дека сите фудбалските работници во земјава во 2012 година застанале со едногласна одлука за нов претседател на ФФМ, на местото на Хаџи-Ристески, уште тогаш да биде избран, сега актуелниот прв човек Масар Омерагиќ. Но, тогаш под силни притисоци на дел од врвот на тогашната власт, во последен момент

„За промена на Хаџи-Ристeвски тогаш бев и јас. Не од лични причини, туку доволно беше човекот десет години владееше, доволно. И тогаш беше договорено за прв човек на Фудбалска федерација на Македонија да се кандидира Масар Омерагиќ. Ние собравме околу педесет и пет гласа. Тие беа сите заведени на нотар, меѓу кои и јас, иако не бев во ФФМ, бев делегат и имавме влијание врз луѓето да ги насочиме зошто е неопходна промената, како би била промената…. Одлучивме сите заедно да се смени Хаџи-Ристeвски. Не само јас, и целата структура, сите фудбалски работници. Така да сите фудбалски сојузи тогаш бевме едногласни, без некој интерес, без некое влијание политичко, чисто фудбалски да дојде Масар Омерагиќ“ – открива Јонуз во ПРЕСИНГ, и дополнува:

„Кога се договори тоа, тогаш настапи дел од партијата на власт, направи таков притисок, Масар Омерагиќ се повлече и дојде Илчо Ѓоргиоски, кој што и сами знаете каде е сега, што работи, како работи, зошто одговара, какви кривични пријави има сега“.

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МИРСАД ЈОНУЗ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…