ЕКИПА во Луцерн, Швајцарија
Владимир Булатовиќ
Македонија го одигра, можеби најдоброто полувреме во Лигата на нациите низ септемвриско-октомврискиот собир, но сето тоа залудно кога како „балон пукна“ низ вториот дел од мечот за нов убедлив пораз во Б-дивизијата, овој пат на гостувањето против Швајцарија со 3-0.
Македонскиот состав имаше повеќе од играта против големиот фаворит во првото полуврме, кој апсолутно не личеше на онаа селекција од Скопје, имавме и неколку убави можности за погодок, но залудно кога Швајцарија во 43. минута од првата своја шанса, по наша грешка во одбраната, дојде до предност од 1-0. А, во второто полувреме уште две катастрофални грешки на македонските репрезентативци за убедливи 3-0. Така Македонија ја продолжи „црната серија“ од осум меча без постигнат гол, или цели 787 минути!
Седлоски мечот го почна со промени во креативниот среден ред, поставувајќи го Елмас како последен играч за врска, заедно со Елези, за разлика од претходните натпревари кога беше апсолутно неупотреблив на левата крилна позиција, за да заедно со Барди, и Митровски и Дориев по крилните позиции апсолутно ги запрат агресивните Швајцарци на почетокот од дуелот.
И првата вистинска шанса на мечот беше за Македонија, која играше агресивно на половината на Швајцарците, во 20. минута кога по нафрлањето на Елмас од левата страна, Стојчевски највисок во скокот со глава, но за малку над гредата од голот на домашните.
Во 30. минута, Ридер изби сам по десната страна, но Димитриевски одлично го затвори аголот спречувајќи водство на домашните.
Во 32. минута одлична акција и на македонскиот тим. Дориев по десната страна, до капитенот Барди кој го проигра на средината Митровски, но неговиот шут од 18 метри над голот на Швајцарците.
И, во 35. минута нова убава можност за Македонија. Повторно по левата страна, Алиоски и Дориев до Барди кој од прва нафрли на вториот дирек од голот на Муого, но Митревски од 15 метри со волеј удар повторно над голот на домашните.
И, кога се чинеше дека првиот дел ќе заврши без голови, Швајцарците без шанса по грешка на нашата одбрана, Ридер украде една топка и од непосредна близина го совлада Димитриевски за 1-0 на полувремето.
🚨Fabian Rieder opens scoring.
🇨🇭 Switzerland 1-0 North Macedonia 🇲🇰https://t.co/R1YdAd6BTT
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 6, 2026
Домашните тргнаа далеку поагресивно во второто полувреме и со влегувањето на Манзамби и Јашари. Па во првите десет минути од вториот дел создадоа три одлични можности, кои не ги искористија Ридер, Елведи и Јашари.
Во продолжението, играта главно умртвена на средината од теренот, без шанси на двете страни, се до 73. минута кога следеше голема грешка на нашиот голман Столе Димитриевски. Јохан Манзамби со шут од 22 метри го изненади Димитриевски, кој дозволи една безопасна топка да му мине меѓу раце за водство од 2-0 на Швајцарците.
🚨 Johan Manzambi makes it two.
🇨🇭 Switzerland 2-0 North Macedonia 🇲🇰
https://t.co/IuwaqVYuoM
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 6, 2026
Потоа уште една наша грешка пред нашиот гол, овој пат Гаштаров погреши на 16 метри, Ндоје му ја украде топката и осамен лесно го совлада Димитриевски за 3-0.
🚨🌍 | GOAL: DAN NDOYE MAKES IT THREE FOR SWITZERLAND!
WHAT A DEFENSIVE MISTAKE BY MACEDONIA!
🇨🇭 Switzerland 3-0 North Macedonia 🇲🇰 https://t.co/ilUyfZH79Q
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) October 6, 2026
ЛИГА НА НАЦИИ – Б-ДИВИЗИЈА
ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3-0 (1-0)
„Термоплан арена“ во Луцерн. Гледачи: 15.735. Главен судија: Едгарс Малчевс (Летонија). Ж. картони: Елези (М). Голови: Ридер 43′, Манзамби 73’, Ндоје 81’ (Ш).
ШВАЈЦАРИЈА: Муого, Бричги, Елведи, Аканџи, Родригез (70’ Атекаме), Фројлер, Сиеро (46’ Јашари), Со (46’ Манзамби), Рајдер, Амдуни (70’ Ботели), Ндоје
Селектор: Мурат Јакин
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Стојчевски, Муслиу, Зајков, Алиоски, Елези (70’ Костадинов), Барди (82’ Станковски), Митревски (82’ Миовски), Елмас, Дориев (59’ Гаштаров), Растодер (59’ Омерагиќ)
Селектор: Гоце Седлоски





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.