Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски со два гола учествуваше во победата на Славен Белупо над Ријека од 4-1 во хрватскиот шампионат.
Сето тоа очигледно беше повеќе од добра причини, македонскиот напаѓач да ги покаже и своите танцувачки способности и во соблекувалната по мечот.
Славен Белупо објави видео на кое македонскиот голгетер изведува „луд танц“ качен на маса, додека соиграчите ја слават убедливата победа.
„Сите видовме како постигнува голови, но дури и како танцува! Дами и господа, 30 секунди чисто уживање. Господинот Илија и лудилото во сината соблекувална. Уживајте“, напишаа од хрватскиот клуб.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.