Познат е стартниот состав со кој македонскиот селектор Гоце Седлоски ќе се спротистави на Швајцарија вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во 1. коло од новата сезона во Б Лигата на нациите.
Согласно очекувањата, Македонија во нападот ќе биде со Растодер и Миовски, а во средниот ред како последен играч за врска ќе биде дебитантот Матеј Гаштаров од Црвена Звезда.
Со Гаштаров во средниот ред ќе бидат и Барди, Костадинов и Елмас.
На кралните бековски позиции ќе бидат Илиевски и Херара, а Муслиу и Зајков како централни дефанзивци пред голманот Столе Димитриевски.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.