ЕКИПА во Луцерн, Швајцарија
Владимир Булатовиќ
Македонија синоќа го одигра, можеби најдоброто полувреме во Лигата на нациите низ септемвриско-октомврискиот собир, но сето тоа залудно кога како „балон пукна“ низ вториот дел од мечот за нов убедлив пораз во Б-дивизијата, овој пат на гостувањето против Швајцарија со 3-0.
Aгон Елези по мечот даде кратка изјава…
„Голема штета, особено после одличното прво полувреме. Некако како да не е судено да го дадеме тој гол. Игравме против многу силна селекција, која што играше четвртфинале на Светското првенство, а малку фалеше да биде и полуфиналист. Во првото полувреме бевме егал, а можеби и подобри во поседот на топката и по шансите.
Го дадовме максимумот, но не беше доволно. Навистина ми е многу жал за овој народ кој што дојде во голем број тука, за сите во Македонија, но најмногу за нас. Одлична група сме, сите работиме чесно, а првото полувреме е надеж дека конечно работите ќе тргнат на подобро. Се надевам дека за брзо ќе го израдуваме овој народ“, рече Елези.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.