Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди по неуспешниот прв циклус од новата сезона во Лигата на нациите и четирите стартни порази, со свој осврт на изминатите десет репрезентативни денови.
Барди преку социјалните мрежи испрати охрабрувачка порака дека Македонија и овие момци секогаш знаеле да се вратат на позитивните патишта тогаш кога е најтешко…
„Дадовме сe од себе, се боревме до крај но некогаш ни максимумот не е доволно. Многу тешки денови поминавме. За секого беше тешко, но продолжуваме заедно за да се вратиме подобри. Самокритика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли.. Но ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“ – порачува Барди.
View this post on Instagram





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.