ЕКИПА во Љубљана,
Никола Станикевски
Македонската репрезентација пристигна во Љубљана каде утре од 20:45 часот против Словенија, ја очекува вториот натпревар од новата сезона во Лигата на нациите.
Избраниците на Гоце Седлоски им останаа должи на домашните љубители на фудбалот по бледото издание и убедливиот пораз од 0-3 на отворањето на сезоната против Швајцарија.
Токму затоа сега, низ позитивно расположение, желбата е да се дојде до далеку подобра игра и резултат против Словенците, кои, во секој случај, ниту од далеку не се на квалитативното ниво како Швајцарците.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.