ЕКИПА во Луцерн, Швајцарија
Владимир Булатовиќ
Македонија го одигра, се чини, најдоброто полувреме во Лигата на нациите низ септемвриско-октомврискиот собир, но сето тоа залудно кога на гостувањето против Швајцарија во Луцерн по првите 45 минути повторно има негатива од 1-0.
Македонскиот состав имаше повеќе од играта против големиот фаворит кој апсолутно не личеше на онаа селекција од Скопје, имаше и неколку 100% шанси за погодок, но залудно кога Швајцарија во 43. минута од првата своја шанса дојде до предност од 1-0.
Седлоски мечот го почна со промени во креативниот среден ред, поставувајќи го Елмас како последен играч за врска, заедно со Елези, за разлика од претходните натпревари кога беше апсолутно неупотреблив на левата крилна позиција, за да заедно со Барди, и Митровски и Дориев по крилните позиции апсолутно ги запрат агресивните Швајцарци на почетокот од дуелот.
Па, првата шанса за Швајцарците во 11. минута кога Ндоје се обиде со шут од 16 метри, но Димитриевски сигурен на голот. Но, тоа беше се од домашните во првиот дел од првото полувреме.
И првата вистинска шанса за Македонија, која играше агресивно на половината на Швајцарците, во 20. минута кога по нафрлањето на Елмас од левата страна, Стојчевски највисок во скокот со глава, но за малку над гредата од голот на домашните.
Во 30. минута, Ридер изби сам по десната страна, но Димитриевски одлично го затвори аголот спречувајќи водство на домашните.
Во 32. минута одлична акција и на македонскиот тим. Дориев по десната страна, до капитенот Барди кој го проигра на средината Митровски, но неговиот шут од 18 метри над голот на Швајцарците.
И, во 35. минута нова убава можност за Македонија. Повторно по левата страна, Алиоски и Дориев до Барди кој од прва нафрли на вториот дирек од голот на Муого, но Митревски од 15 метри со волеј удар повторно над голот на домашните.
И, кога се чинеше дека првиот дел ќе заврши без голови, Швајцарците без шанса по грешка на нашата одбрана, Ридер украде една топка и од непосредна близина го совлада Димитриевски за 1-0 на полувремето.
🚨Fabian Rieder opens scoring.
🇨🇭 Switzerland 1-0 North Macedonia 🇲🇰https://t.co/R1YdAd6BTT
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 6, 2026
ЛИГА НА НАЦИИ – Б-ДИВИЗИЈА
ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (1-0)
„Термоплан арена“ во Луцерн. Гледачи: 15.000. Главен судија: Ж. картони: Елези (М). Голови: Ридер 43′ (Ш).
ШВАЈЦАРИЈА: Муого, Бричги, Елведи, Аканџи, Родригез, Фројлер, Сиеро, Со, Рајдер, Амдуни, Ндоје
Селектор: Мурат Јакин
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Стојчевски, Муслиу, Зајков, Алиоски, Елези, Барди, Митревски, Елмас, Дориев, Растодер
Селектор: Гоце Седлоски





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.