Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер од 20.45 часот во Луцерн против Швајцарија ќе го одигра последниот натпревар од септемврискиот и октомврискиот репрезентативец термин за настапи во Лигата на нации.
Фудбалерите во првите три натпревари од групата 1 во дивизијата Б доживеаја три порази. Новото издание на Лигата на нации започна со пораз од Швајцарија од 0:3 во Скопје, по што следеше пораз од Словенија (2:0) во Љубљана. Пред три дена, на Националната Арена „Тодор Проески“, Македонија загуби со 0:2 од Шкотска и по три кола има гол-разлика 0:7.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, пред утрешниот натпревар во Луцерн, преку социјалните мрежи упати порака дека неуспех (паѓање) доживувате само кога ќе претстанете да се обидувате да станете.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.