Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски оствари историски успех со репрезентацијата на Таџикистан, која за првпат се израдува на триумф над Кина.
Двете селекции денеска одиграа пријателски меч во кој Ангеловски и неговите избраници ја имаа улогата на гости, но Таџикистан сепак успеа да дојде до историски триумф благодарение на погодокот на Каонов во 53. минута.
Кина од 59. минута настапуваше со фудбалер помалку, по што Таџикистанците рутински го приведоа мечот до крај за голем триумф, на радост на македонскиот стратег на клупата на оваа селекција.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.