Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски, е еден од најзаслужните за убедлвиот триумф на неговиот Славен Белупо од 4:1 над Ријека.
Несторовски двапати ја тресеше мрежата на Ријека и по девет кола во хрватскиот шампионат има постигнато седум гола и е на третото место на листата на најдобри стрелци. Досега, играчот на Динамо Загреб, Бељо е прв со 10 постигнати голови, Фредериксен од Истра има седум гола и три асистенции.
Ријека поведе во седмата минута со голот од пенал на Дантас, но до крајот на полувремето Славен успеа да израмни и тоа преку Мерсинај во 35-та минута.
Домаќините преку Бановец поведоа со 2:1, по што на сцена стапи Несторовски кој за пет минути постигна два гола. Прво во 69-та минута со одличен шут од 20-тина метри погоди за 3:1, а пет минути подоцна одбиената топка по шутот на Дабро ја смести во голот на Ријека за конечни 4:1.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.