Хрватскиот фудбалер Дино Периќ како гостин на еден подкаст во татковината говореше на најразлични теми, а особен акцент беше ставен на времето минато во Динамо Загреб.

Периќ неколку сезони ја делеше соблекувалната со поранешниот македонски репрезентативец, откривајќи и каков гест направил Адеми за Петар Сучиќ, некогашниот суперталент на Динамо кој сега настапува за италијански Интер.

„Поморални фудбалери од оние најискусните кои беа во тоа време, нигакаш нема да има во Динамо. Што се однесува до Адеми, не сакав да говорам за ова, можеби ќе добијам „заушка“ од него, но ќе откријам – тој знаеше да каже дека е повреден и да го отстапи своето место на Петар Сучиќ. Не беше тоа глума, туку Адеми го виде потенцијалот на Сучиќ и знаеше дека може да се развива само ако игра, а Петар беше на истата позиција со него. Тоа е вистински капитен. Адеми имаше моќ да прави буквално се што сака во Динамо. И тоа сите го знаеја и никогаш не беше проблем, бидејќи сите исто така знаеја дека тој никогаш нема да направи ништо против клубот“, обелодени Периќ.