ЕКИПА во Луцерн, Швајцарија
Владимир Булатовиќ
Македонија го одигра, можеби најдоброто полувреме во Лигата на нациите низ септемвриско-октомврискиот собир, но сето тоа залудно кога како „балон пукна“ низ вториот дел од мечот за нов убедлив пораз во Б-дивизијата, овој пат на гостувањето против Швајцарија со 3-0.
Џани Алиоски за првпат беше дел од тимот во овој септемвриско/октомври циклус. По мечот тој вели дека лесно е да се критикува, но сега треба повеќе да се учи…
„Тешко ни е по поразот. Покажавме дека имаме квалитет и може да играме фудбал. Лесно е да критикуваме и младите. Селекторот ни даде шанса на сите и мора да учиме од овие порази и грешките. Две грешки, два гола е и повеќе од доволно Швајцарија да го реши победникот. Мора да веруваме бидејќи оваа генерација многу пати покажа дека може да се врати“, изјави Алиоски.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.