Изминатиов период од страна на функционерот на опозициската СДСМ, Герасим Лазов во континуитет се изнесуваат обвинувања на сметка на ФФМ, со посебно нагласување на работата на судискиот одбор во рамките на федерацијата.

Во најновата објава преку социјалните мрежи Лазов, наведува дека значително се влошени условите за работа на судиите, дури и за време на полагањето на судиските норми, но и дека се намалени судиските такси како и фактот дека се доцни со исплата на истите. Лазов, меѓу другото, прашува дали интегритот на судењето е нарушен со наводен пад на неколку домашни судии на спроведен допинг-тест за наркотици со земање примероци од крв и урина!?

Од Фудбалската федерација на Македонија сето тоа го демантирааат наведувајќи и претходно дека, ако „желбата на говорникот е да го види јавноста, тоа секако е можно без ФФМ и навреди и клевети на лична основа, затоа што ФФМ не е политичко тело и ФФМ нема да биде дел од политичкото милје, ниту ќе дозволи фудбалот да биде вовлечен во партиски пресметки“.

Но, за поголемиот дел од домашните фудбалски работници крајно лицемерно е што обвинувањата за позитивни допинг-тестови на одредени актуелни судии, доаѓаат од лице кое е во блиски односи со поранешниот фудбалски судија Слаѓан Марковски кој, пак, во 2025 е фатен со кокаин за што му е поднесена кривична пријава за сторено КД по член 215, а во 2022 година бил пријавен за сторено КД Насилство по чл. 386, за што сведочат фотографиите на Лазов со Маркоски.

Судиската кариера на Слаѓан Маркоски започнува во време кога Ангел Бунгуров е прв човек на судиите во ФФМ, а меѓународен судија станува во време кога Муамед Сејдини беше претседател на ФФМ. Од друга страна, факт е дека Слаѓан Маркоски, лице за кое има две кривични дела, пак, е избришан од судиските листи откако Масар Омерагиќ доаѓа на функцијата претседател на ФФМ.

Јасно е секако и дека личните контакти и фотографиите сами по себе не претставуваат доказ за било каква назаконитост, но домашната фудбалска јавност, пак, кога одредени тврдења јавно доаѓаат од партиски функционер тогаш сосема оправдано очекува изнесување докази за истите и нивно процесуирање до надлежните домашни институции. Во спротивно јавното оцрнување на поединци, секако сноси одговорност пред надлежните судски инстанци. Како и што јавноста има право да поставува прашања за блискоска со поединци токму на оние лица кои активно учествуваат во јавните дебати за начинот на раководење со македонскиот фудбал.