ЕКИПА во Луцерн, Швајцарија
Владимир Булатовиќ

Македонија го одигра, можеби најдоброто полувреме во Лигата на нациите низ септемвриско-октомврискиот собир, но сето тоа залудно кога како „балон пукна“ низ вториот дел од мечот за нов убедлив пораз во Б-дивизијата, овој пат на гостувањето против Швајцарија со 3-0.

Ѓоко Зајков по мечот ги сумираше впечатоците од новиот пораз…

„Примивме три несреќни гола, треба да извадиме поуки сите, и поискусните и помладите сите заедно да се издигниме над оваа тешка ситуација. Верувајте нас ни е најтешко, многу не боли сето ова, силно оосакуваме да се вратиме на следните натпревари и со малку повеќе среќа. Благодариме на навивачите за поддршката, дадовме се од себе посебно во првото полувреме, кое за жал не ни беше наградено барем со погодок“, изјави Зајков.