ЕКИПА во Луцерн, Швајцарија
Владимир Булатовиќ
Централното прашање на прес-конференцијата на македонскиот селектор Гоце Седлоски по новиот пораз и од Швајцарија со 3-0 во Луцерн, четврти од исто толку дуели низ овој собир во Лигата на нациите, беше како може да се продолжи понатака по една очајна серија во 2026 година.
Седлоски нагласи дека не се откажува од репрезентацијата, ќе продолжи по истиот пат, борец е и ќе продолжи до крај.
„Перфектно прво полувреме до голот, а во вториот дел репрезентација како Швајцарија нема да прости такви грешки, и на крај дојде до победа. И честитам за победата, но ние во првиот дел покажавме дека може да играме и против една така моќна селекција, па задоволен сум од играта и играчите на овој меч“ – рече Седлоски и дополни:
„Не застанувам тука, се наоѓаме во една тешка ситуација, ова се болни порази но јас тука не се откажувам од работата и продолжувањето со националниот тим. Оптимист сум, ќе продолжам да работам, борец сум и ќе се борам до крај. Ни недостасува тој еден гол, ќе продолжиме да работиме за да дојдеме до него. На овој меч ако не беше офанзивно не знам кога било. Создадовме три-четири шанси во 45 минути, но ете не успеваме да постигнеме гол. Мора да продолжиме силно и да дојде и до тој резултат“.
Македонија имаше четири големи ротации на играчи во само четири меча…
„Да, имаше ротации затоа што имавме четири меча во само десет дена. И затоа беа тие ротации, посебно ако се знае дека добар дел од играчите и не се физички подготвени, некои не играат редовно во своите тимови. И сега точно е дека имам слика за ноември, и точно знам во кој насока ќе продолжи репрезентацијата“ – изјави Седлоски.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.