За да игра Манчестер јунајтед, неопходно е во ритам да биде Бруно Гимараеш, тоа е напишаното правило кое важи за „црвените ѓаволи“ во последните неколку сезони.
Токму затоа, шокантно делува статистиката од вчерашниот дуел со Тотенхем која вели дека португалскиот плејмејкер немал точно додавање до соиграчите во првите 22 минути од натпреварот.
Јунајтед делуваше загубено на теренот, не можеше да искреира буквално ништо во првиот дел, немоќ што меѓу другото се должеше токму на лошиот ден што го имаше капитенот.
А кога не игра Фернандеш, тогаш целиот тим се мачи, како што можеше да се проследи во првото полувреме по кое навивачите со свирежи ги испратија своите фудбалери кон соблекувалната.
Јунајтед во вториот дел поведе, но на крајот сепак остана без цел плен откако прими гол во судиското продолжение, и тоа со играч повеќе.
Кризата очигледно се продлабочува, а Фернандеш станува се пофрустриран од она што го гледа…





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.