Челниците на Манчестер Јунајтед уште сега го подготвуваат теренот за идното лето да го вратат својот поранешен фудбалер, Скот Мектоминеј, објави Скај спорт.
Мектоминеј во 2024 година во трансфер вреден 30 милиони евра го напушти „Олд трафорд“ и потпиша за Наполи и веднаш стана миленик на навивачите. Во дебитантската сезона за Наполи постигна 12 гола и имаше шест асистенции и беше еден од најзаслужните за освоената титула во Серија А. Следната сезона постигна 10 гола за Наполи во Серија А, но не успеа да го повтори успехот и да дојде до нова титула.
Договорот на Мектоминеј на кого ова лето му беше мала операција на срцето, со Наполи му истекува 2028 година, а бидејќи италијанскиот тим не може финансиски да му парира на Манчестер Јунајтед, за очекување е да седне на маса и да преговара за трансфер на шкотскиот репрезентативец.
Според Скај спорт, и самиот Мектоминеј нема ништо против да се врати во Манчестер Јунајтед каде беше еден од милениците на навивачите, но неговиот поранешен тим не е единствен кој е заинтересиран.
Скај спорт пишува дека сериозен интерес пројавува и Астон вила која е подготвена да тргне во трка со „црвените ѓаволи“ за потписот со Мектоминеј.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.