Фудбалерите на Манчестер Јунајтед успеаја да се спасат од пораз во 90-та минута на гостувањето кај Фулам во мечот од петтото коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ благодарение на Матеус Куња кој во 90-та минута ја затресе мрежата на Фулам, одиграа 1:1 на “Крејвен котиџ“ во Лондон.
По петтото коло, Манчестер Јунајтед остана на една победа, и има по две ремија и порази, и се наоѓа на 12-та позиција на табелата со пет освоени бодови.
И првиот гол го постигна играч на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез во 63-та минута со несмасна интервенција, ја затресе сопствената мрежа.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.