Фудбалерите на Манчестер сити славеа на големото дерби во Премиер лигата против Ливерпул на „Енфилд“ со 3:0 во првиот натпревар по прогласувањето на тимот за виновен по обвиненијата за финансиски малверизации.

Изминатите 20-тина дена откако Независната комисија на Премиер лигата го прогласи Манчестер сити за виновен по 114 точки од обвиненијата, фудбалерите се наоѓаат под голем притисок, но по дуелот и победата над Ливерпул, им олесна на сите.

„За секој член на Манчестер сити и за секој навивач, ова е прекрасен момент кој уште долго ќе го паметиме. Беше тешко, но покажавме неветојатен карактер, од Донарума па се до напаѓачите. Многу сум горд Мислам дека и татко ми уживаше“, порача Халанд кој во 65-та минута го постигна првиот гол на натпреварот.