Поминаа девет години откако Луј ван Гал беше отпуштен од клупата на Манчестер јунајтед, а се чини дека тој момент се уште боли.

Холанѓанецот го освои ФА Купот, но само 24 часа подоцна доби отказ, бидејќи тимот не успеа да заврши меѓу првите четири во Премиерлигата.

На крајот, одлучувачка беше гол-разликата, а местото пред Јунајтед го зазеде Манчестер сити. Ван Гал смета дека целата ситуација добива дополнителна димензија поради обвинувањата поврзани со финансиското работење на градскиот ривал. Според него, историјата можеби ќе се одвивала поинаку доколку условите во борбата за пласман биле еднакви.

„Во тоа време, тоа веројатно беше одлучувачкиот фактор за мојот отказ од Манчестер Јунајтед, како и за сите последици и страдања што произлегоа од тоа. Не можам да ја вратам историјата назад. Тоа не може да го направи дури ни Фудбалската асоцијација“, изјави Ван Гал.