Фудбалерите на Челси славеа со 0:2 на гостувањето кај Евертон во првиот натпревар од седмото коло во Премиер лигата.

Натпреварот го одбележа повредата на голманот на „сините“, Емилијано Мартинез кој мораше на носилки да биде изнесен надвор од стадионот.

Во 68-та минута, по нафрлањето на играч на Евертон во шеснаесетникот на Челси, Мартинез тргна по топката, а во исто време и играч на Евертон кој не беше свесен за движењето и поставеноста на Аргентинецот, исто така се обиде да дојде до топката. Дојде до судир меѓу двајцата по кој голманот на Челси остана да лежи на теренот. Повредата на Мартинез може да ја видите на следниот ЛИНК.

🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Emiliano Martínez has to come OFF!

BAD HEAD INJURY! https://t.co/SYSmUhM4BF

— GoalAlert HQ ⚽️ 🥅 (@GoalAlertHQ) October 17, 2026

По неколкуминутна пауза поради укаживање на помош, Мартинез на носилки беше изнесен од теренот.

Breaking: Emiliano Martinez leaves the pitch on a stretcher suffering from a head injury!!! We wish Martinez quick Recovery #EVECHE https://t.co/PwqKRESLcA

— إليشع (@Eli_Sam_) October 17, 2026

Претходно, Челси поведе со голот на Педро Нето на стартот од второто полувреме. Голот може да го видите ТУКА.

Нето во 90-та минута го постигна и вториот гол за „сините“ со кој ја потврди победата.