Казната и судбината на Манчестер сити откако беше прогласен за виновен по 114 од 115 точки од обвиненијата за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, раскара две фудбалски легенди.

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, даде свое видување за судбината на „Граѓаните“ и евентуалните казни од одземање бодови до исфрлање во понизок ранг.

„Доколку сум играч на Манчестер сити, дефинитивно би ги фрлил медалите во канта за ѓубре. Тие медали се освоени на теренот, но управата правеше недозволени работи. Со други зборови, мамеше“, изјави Кин.

Одговорот дојде до голманот, Џо Харт, кој беше дел од Манчестер сити од 2006 до 2018 година и со „граѓаните“ освои две титули во Премиер лигата, еден ФА куп, два Лига Купа.

„Супер за него, но не делам истото мислење. Тој никогаш не се нашол во ваква ситуација, а секогаш е лесно да се зборува за нешто што не влијае на вас. Јас можам да кажам дека нема да го направам тоа што тој го предложи. Горд сум на сите трофеи кои ги освоив со Манчестер сити. И индивидуално и како екипа бевме посветени постојано да напредуваме и нема ништо подобро од моментот кога ќе ви го стават медалот околу вратот“, одговори Харт.