Големото дерби во Премиер лигата му припадна на Манчестер сити кој на „Енфилд“ славеше со убедливи 3:0 против Ливерпул во мечот од шестото коло.
Ова беше прв натпревар за Манчестер сити откако Независната комисија на Премиер лигата го прогласи за виновер по 114 точки од обвиненијата за прекршување на финансиските правила на лигата, и иако „граѓаните“ беа дочекани со пораки од фановите на Ливерпул дека се „измамници“, фудбалерите одговорија на најдобар можен начин, со триумф.
Клучен момент кој го одлучи победникот беше црвениот картон на Рајан Гравенберх во 62-та минута кој до тој момент беше најдобар играч на Ливерпул.
Само три минути по неговото исклучување, Манчестер сити преку Ерлинг Халанд поведе со 0:1. Голот на Халанд може да го видите ТУКА.
Дилемите околу победникот беа решени во 68-та минута кога Жереми Доку погоди за 0:2. Голот може да го видите ТУКА.
Конечниот резултат го постави Рајан Шерки во 78-та минута. Голот може да го видите на следниот ЛИНК.
Со победата, Манчестер сити се врати на лидерската позиција на табелата со максимални 18 бодови, три повеќе од Арсенал, додека Ливерпул со девет бодови и на деветтото место.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.