Ливерпул загуби со убедливи 0-3 дома од Манчестер Сити, но нема сомнеж дека „црвените“ 60 минути беа и поквалитетен ривал на теренот, а дербито на „Енфилд“ беше решено со црвениот картон на Гравенберх.

Ираола очекувано беше бесен на арбитрите, особено за оној прв жолт картон што го доби холандскиот репрезентативец, десетина минути пред вториот и исклучувањето.

„Првиот фаул на Рајан не е жолт картон, никогаш не може да биде. На вакви натпревари, со такви дуели, да дадеш жолт картон за тоа… Ја видовте акцијата, судијата дава предност, Андерсон тргнува, оди четири чекори и решава да падне без контакт… на крајот судијата покажува картон. За што? Никој не знае за што, тоа е измислен картон од главниот арбитар што директно влијаеше да го загубиме овој натпревар“, разочаран е Ираола.