Капитенот на Манчестер сити, Кајл Вокер, успесите не можат да им бидат одземени на фудбалерите, без разлика што „граѓаните“ се прогласени за виновни за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата во периодот од 2009 до 2018 година.
Вокер го ноесеше дресот на Манчестер сити од 2017 до 2025 година и за тоа време освои вкупно 12 трофеи.
„Сево ова не изгледа добро. Манчестер сити се жалеше на одлуката, па каков било мој коментар за сето тоа не би бил добар ниту за мене, ниту за кој било друг. Но, од лична гледна точка, можам да кажам дека играчите поминаа многу години славејќи многу трофеи и тоа е нешто што, без разлика што ќе се случи на крајот, никој не може да ни го одземе. Тоа се искуства за цел живот. Што и да биде, ќе биде. Сакаме да нè гледаат како играчи кои ги освоиле тие трофеи, ги освоивме на исправен и фер начин. Многу е тешко бидејќи сите работевме напорно за да ги освоиме. Сега сè се сведува на жалбата и ќе видиме што ќе се случува понатаму“, вели Вокер кој сега настапува за екипата на Барнли.
Манчестер Сити поднесе жалба на одлуката на Независната комисија на Премиер лигата, која донесе одлука дека клубот е виновен по 114 од вкупно 115 точки од обвинението за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата во периодот од 2009 до 2018 година.
Независната комисија смета дека сопствениците на клубот лажно ги прикажувале приходите од спонзорите и на тој начин дошле до речиси 900 милиони фунти. Утврдено е дека не станувало збор за пари од спонзори, туку за средства што сопствениците директно ги вложувале во клубот.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.