Челниците на Арсенал планираат уште еден голем потпис во наредните денови и планираат уште долго да ги задржат најдобрите играчи на „Емирати“.

Денеска, нов договор до 2030 година потпиша тренерот Микел Артета и стана најплатен фудбалски тренер на светот доколку се вклучат и бонусите, а по неговите стапки ќе тргне и еден од најдобрите играчи на „топчиите“, Деклан Рајс.

Англискиот репрезентативец ја прифати понудата од управата и со новиот договор ќе се израмни со Букајо Сака на листата на најдоброплатени играчи во Арсенал.

Со новиот договор, неделната плата на Рајс од 240.000 фунти ќе скокне на 350.000 фунти.