Микел Артета уште долго ќе го предводи Арсенал откако конечно беа договорени сите детали околу продолжувањето на соработката на шпанскиот стратег со актуелниот првак на Премиер-лигата.

Артета пред неколку месеци ја донесе титулата на „Емирати“, но преговорите за нов договор неочекувано се одолговлечија и тој влезе во последната сезона од актуелниот договор со „топчиите“. Сепак, ББЦ попладнево објави дека конечно е постигнат целосен договор и се очекува официјализација на истиот во текот на оваа репрезентативна пауза.

Артета, кој е на чело на Арсенал уште од 2019 година, со новиот договор ќе остане во клубот повеќе од една деценија, а ќе добие и значително зголемување на платата од 10 милиони фунти по сезона што ја заработува во моментов.

Според ББЦ, Артета би можел да добие и максимални пет милиони фунти дополнителен бонус секоја година, во зависност од трофеите што ќе ги освојува како предводник на „топчиите“.