Мајкл Kaрик ќе добие последна шанса да докаже дека заслужува да остане на кормилото на Манчестер јунајтед откако „црвените ѓаволи“ прокоцкаа сигурна победа, примија гол со играч повеќе на теренот и на крајот мораа да се задоволат само со еден бод против Тотенхем.

Притисокот врз поранешниот англиски репрезентативец е огромен, Јунајтед падна на 12. место на премиерлигашката табела, веќе е елиминиран и од лига-купот, а тимот игра далеку од посакуваното ниво.

Управата на состанокот веднаш по ремито со Тотенхем сепак донела одлука да му искаже доверба на Карик, давајќи му нова, последна шанса да го разбуди заспаниот тим.

Манчестер Јунајтед му гостува на Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите, по што ќе следи и гостување на омразениот ривал Лидс во Премиер-лигата. Порази на овие две средби ќе значат и крај за Мајкл Карик, за кого особено важен е дуелот на „Иланд Роуд“, кој англиската јавност го опишува како „да се биде или не“ за актуелниот стратег на „црвените ѓаволи“.