Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, оствари уште една убедлива победа со неговиот тим Арис во Еврокупот. Во четвртото коло, Арис како гостин го декласира германскиот Росток со 77:110 за четврти триумф во групната фаза.

Ова е првпат сезонава Арис во Еврокупот да даде повеќе од 100 поени, а голема улога во триумфот имаше и Димитријевиќ.

Тој стандардно беше дел од почетната петорка и на теренот помина точно 20 минути за кои постигна 17 поени со одличен шут за тројка. Нено погоди три тројки од четири обиди, а имаше и четири асистенции.

Покрај него, добра партија прикажаа и Робинсон-Ерл со 21 и Морган со 20 поени.