Екипите на Бешикташ и на Анадолу Ефес остварија победи во своите натпревари од шестото коло во Евролигата. Анадолу Ефес со 70:85 славеше на гостувањето кај Жалгирис и ја запиша втората победа сезонава.
Кошаркарите на Ефес со одлична игра во првата четвртина која ја добија со 12:21 ја најавија победата. Домашните кошаркари се обидоа во вторите десет минути резултатски да се вратат во игра, дојдоа до 36:42, во третата четвртина имаа и три поени негатива (45:48), но Анадолу Ефес одговори со мини серија од 0:5 и повторно и набрзо повторно ја врати двоцифрената предност.
Со мирна игра во последниот период, гостите ја зачуваа предноста и на крајот славеа со 70:85.
Стразел со 19 поени, Пејн со 16, Малколм со 15 поени и Дарио Шариќ со 14 поени и 10 скока беа најдобри кај Анадолу Ефес, додека кај Жалгирис најрасположен за игра беше Карсен Едвардс кој даде 16 поени.
Екипата на Бешикташ дојде до триумф од 95:87 и ја запиша третата победа сезонава.
Кошаркарите на Бешикташ одиграа неверојатно прво полувреме кое го добија со 53:35 и со кое ги решија дилемите околу победникот. Предноста се зголеми на 25 поени стартот од третата четвртина (60:35), по што следеше опуштање во играта кое го искористија гостите за да избегнат катастрофа .
Џејлен Ноуел со 21 поен и Скоти Вилбекин со 20 поени беа најдобри кај Бешикташ, додека во редовите на Баерн, Владимир Лучиќ со 17 поени беше најпрецизен.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.