Тренерот на Хапоел Тел Авив, Димитрис Итудис, по победата на неговиот тим над Панатинаикос од 81:91 во натпревар од шестото коло од Евролигата и тоа во Атина, имаше само пофални зборови за грчкиот гигант.
„Навивачите на Панатинаикос се неверојатни. Целата организација на Панатинаикос е фантастична, сакаме да учиме од нив. Добро е што нашата управа има одличен однос со луѓето од Панатинаикос и постојано разговараме и разменуваме идеи“, вели Итудис.
Интересно е што тренерот на Панатинаикос, Жељко Обрадовиќ е кум на Итудис. Гркот кој го води израелскиот тим посебно ја истакна и улогата на клупските легенди како Димитрис Дијамантидис, Мајк Батист и Фрагискос Алвертис кои се дел од организацијата на Панатинаикос.
„Тоа е многу важно за Панатинаикос. целиот систем на стручниот штаб и луѓето кои се околу Жељко имаат големо влијание и улога. Клубот има луѓе на кои им верува, кои имаат визија и чиј допринос е познат уште од времето кога го носеа дресот или преку работата на одговорни функции во клубот“, додава Итудис.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.