Кошаркарите на Црвена звезда по двата порази на стартот од сезоната во Евролигата, влегоа во победнички ритам и вечерва ја забележаа четвртата победа во низа. Последна жртва на „црвено-белите“ е Париз кој е совладан со 90:81.
Во белградска „Арена“, „црвено-белите“ одлично го започнаа натпреварот и по првата четвртина имаа двоцифрена предност (28:18). Домашните кошаркари продолжија да ги контролираат случувањата на паркетот и на одмор замина со предност од 46:36.
Во третиот период, беа уште подобри и дојдоа до плус 19 (77:58), но потоа следеше пад во играта и будење на кошаркарите на Париз кои се приближија на само пет поени негатива (82:77). Но, „црвено-белите“ успеаја да избегнат комплетен пресврт и да го решат натпреварот во своја корист.
Чима Монеке со 23 поени беше најдобар кај Црвена звезда каде двоцифрен број поени постигнаа уште Батлер (13), Нвора (12), Ѓуришиќ и Оџелеје (11). Кај Париз, најрасположен за игра беше Етиен кој даде 24 поени.
Еден двата главни фаворити за титулата, Панатинаикос го доживеа првиот пораз во Евролигата и тоа пред своите гледачи во „ОАКА“ арената. По петте победи на стартот, Панатинаикос е поразен од Хапоел Тел Авив со 79:87.
По израмнетото прво полувреме во кое и двата тима имаа свои моменти, во третата четвртина, првиот удар го зададе Хапоел кој по поените на Елајџа Брајант поведе со 59:68. На стартот од последната четвртина, гостите имаа и двоцифрена предност (61:71), но Панатинаикос одговори со серија 11:0 за водство од 72:71.
Потоа следуваше период во кој се играше на поен за поен, се до две минути до крајот кога Брајант и Ледеј дадоа пет поени за 78:84. Гостите успеаја да ја зачуваат предноста до крајот и да слават со 81:91, за четврти триумф во Евролигата. Зек Ледеј со 17 поени ја предводеше листата на стрелци кај Хапоел, додека кај Панатинаикос најдобар беше Силван Франциско со 22 поени.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.