Ракометарите на ПСЖ дојдоа до втората победа во Лигата на шампионите откако во ефикасен натпревар беа подобри од Целје во натпревар кој се играше во рамки на третото коло.

ПСЖ и Целје постигнаа дури 81 гол, а францускиот тим славеше со 46:35.

По седум гола дадоа Елисон и Пранди кај ПСЖ, додека Анжиќ со девет гола беше најдобар кај Целје.

ПСЖ во првите три кола во ЛШ постигна дури 113 гола, покрај 46-те гола кои му ги даде на Целје, во првото коло на Алборг му даде 33 гола, а во второто 34 на Загреб и моментно е најефикасна екипа во елитното ракометно натпреварување.

Во дербито на вечерва, Магдебург го совлада полскиот Киелце со 30:35.

Ракометарите на Магдебург ја имаа контролата врз резултатот, откако во четвртата минута поведоа со 2:4, не ја испуштија предноста до крајот на мечот за трет триумф во првите три кола.

Омар Инги Магнусон и Гисли Кристјансон со по 11 гола беа нерешлива енигма за ракометарите на Киелце.