Утревечер (21 часот) светската фудбалска јавност ќе биде фокусирана на „Паркот на принцевите“ во Париз каде еден против друг ќе играат главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ и Барселона.

ПСЖ во последните две години „владее“ во Лигата на шампионите, и тренерот на Барселона, Ханси Флик, смета дека утрешниот дуел е одлична можност за неговите фудбалери да покажат што можат.

„Мислам дека дуелот со ПСЖ е одличен тест за нас. Сакам моите фудбалери да играат со самодоверба како што го прави во 11-те натпревари сезонава. За противник го имаме најдобриот тим на светот во последните две години и ова ќе биде одличен натпревар“, вели Флик.

Тренерот на Барселона има само пофални зборови за неговиот колега од ПСЖ, Луис Енрике, кој е поранешен тренер и играч на каталонскиот тим и кој создаде тим и игра со кои доминира во последните две години.

„ПСЖ игра фантастичен фудбал, а Луис е еден од најдобрите тренери на светот. Ми се допаѓа интензитетот на нивните натпревари, како играчите вршат притисок врз противниците и како ги менуваат позициите. Тие се неверојатни“, вели Флик.

На последните пет меѓусебни натпревари, ПСЖ славел трипати, Барселона еднаш, и еден натпревар завршил без победник. Последен пат ПСЖ и Барселона меѓу себе играле минатата сезона, исто така во првата фаза во ЛШ и на „Монжуик“ победи францускиот тим со 2:1.