По првото полувреме на четирите вечерашни дуели од Лигата на шампионите, само на два натпревари има постигнато голови.
Дебитантот во Лигата на шампионите, Комо води со 2:0 против Лајпциг по првиот дел.

Историскиот гол за Комо во елитното натпреварување беше дело на хрватскиот репрезентативец, Мартин Батурина во 15-та минута.

This is emotional 😭 Baturina scores for Como in the UCL, right in front of his old fans… football writes the best stories. 🥹⚽️ pic.twitter.com/flghktBzAX

— The Final Whistle (@Rufus_45) September 10, 2026

Пред крајот на првиот дел, Комо зголеми на 2:0 преку Довикас. Голот

Манчестер јунајтед уште во првото полувреме ја обезбеди победата во дуелот со дебитантот во ЛШ, Сабах Баку. „Црвените ѓаволи“ по само 45 минути игра имаат водство од 3:0. Резултатот го отвори Матеус Куња во 27-та минута, а во финишот од првиот дел, во листата на стрелци се запишаа и Фернандес и Шешко.

На останатите два меча, Баерн Минхен – Бодо и Слави – Ланс немаше голови по првото полувреме.