Ракометарите на Мелсунгел славеа со 28:23 против Нант во меч од групата Б во Лигата на шампионите и се искачи на лидерската позиција на табелата.
По три кола, Мелсунген, Висла Плоцк и Нант имаат по четири бода, но германскиот тим има најдобра гол-разлика, додека Вардар е последен без освоен бод.
Флоријан Дростен со шест гола од шест шута беше најдобар кај Мелсунген, а Николас Турна исто така даде шест гола и ја предводеше листата на стрелци кај Нант.
Екипата на Барселоина рутински дојде до третата победа во третиот меч во ЛШ, вечерва пред своите гледачи со 34:27 славеше против Динамо Букурешт, додека Скандеборг со 36:32 го победи Монпелје во дуел од истата група Е.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.