Ракометниот шампион на Македонија, Вардар има негатива од 16-13 на гостувањето кај Висла Плоцк во натпревар од 4. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Вардарци парираа во првото полувреме само во воведните десет минути во кои беше нерешено 5-5. Полјаците влегоа во серија од 8-1, па во 19. минута за првпат стигнаа до плус осум 14-6. До крајот на првиот дел нашиот шампион заигра подобро, па на пауза замина со негатива од три гола 16-13.
Во вториот меч од групата Б, Нант има убедлива предност од 17-10 против Мелсунген.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.