По синоќешниот пораз од Виљареал од 3:1 во Лигата на шампионите, Наполи се соочува со дополнителни проблеми и тоа на релација Масимилијано Алегри – Кевин де Брујне.
Според италијанските медиуми, меѓу двајцата имало несогласувања за време на натпреварот поради тактиката и тоа што треба да го одигра Де Брујне.
Алегри, наводно, барал од Де Брујне да игра поповлечено во средниот ред и да преземе поголема одговорност во организацијата на нападите и да биде еден од креаторите на играта и да му овозможи на Скот Мектоминеј да игра поблиску до противничкиот гол.
Сепак, реакцијата на Де Брујне не била онаква каква што очекувал Алегри, и Белгиецот сакал да остане поблиску до напаѓачите каде што смета дека може да биде најкорисен.
Камерите често го фаќаа во кадарот Алегри како гестикулира кон Де Брујне.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.