Фудбалерите на Баерн Минхен одиграа катастрофално прво полувреме во Норвешка против Викинг и по 45 минути игра имаат негатива од 0:2.
Тренерот Венсан Компани, по неверојатниот кикс во саботата, одлучи да го одмори првиот голман Мануел Нојер и шанса да му даде на Јонас Урбиг, но и тоа не му даде ефект.
Младиот голман по само две минути игра ја вадеше топката од мрежата по голот на Стенснес.
Нов шок, Баварците доживеаја во 38-та минута кога погоди Кристиансен за 2:0.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.