Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, продолжува да ги руши рекордите на и надвор од терените. Дресот со неговото име е најпродаван дрес на играч на Барселона втора година по ред, пишува „Спорт“.
Откако ја „облече“ култната „десетка“ на Барселона, дресот со неговото име се продава трипати побрзо од неговиот најблизок конкурент во каталонскиот тим, Рафиња.
Само во една официјална клупска продавница се продаваат повеќе од 1.000 дресови на Јамал за една недела по цена од 195 евра.
По Јамал и Рафиња, трет најпродаван дрес е тој на Педрим а на четвртото место е Пау Кубарси, додека петти најпродаван дрес е тој на Родри.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.