Екипата на Барселона предводена од Ханси Флик на клупата, игра фантастичен фудбал кој го воодушевува секој фудбалски навивач и е на добар пат да собори рекорд кој е стар повеќе од еден век.

Барселона на почетокот од сезоната игра неверојатно, победи на сите официјални натпревари, осум во Ла Лига и два во Лигата на шампионите, нешто што на каталонскиот тим не пошло од рака дури 103 години.

Вечерва, Барселона му гостува на Бетис (18.30 часот) и ќе има можност да ја продолжи неверојатната серија иако пред неа е можеби најтешкиот испит досега. Бетис моментно се наоѓа на третото место на табелата со 19 освоени бодови по осум кола.

За тоа колку добро игра Барселона најдобро покажува податокот дека тимот под водство на Ханси Флик постигнува по 4.3 голови по натпревар досега и доколку продолжи во ист ритам до декември, годината може да ја заврши со постигнати 262 голови.