Актуелниот европски шампион, ПСЖ, ја одреди главната мета за летниот преоден рок идната година, тоа е дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија.
Весникот „Ле Паризиен“ пишува дека тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го гледа Гарсија како играч кој може да игра и на централната и на крилните бековски позиции.
Според весникот, понудата на ПСЖ ќе изнесува 70 милиони евра за 25-годишниот дефанзивец.
Прашање е дали Барселона ќе сака да го продаде Гарсија со кого неодамна потпиша нов договор со 2031 година и кого тренерот Ханси Флик го гледа како еден од клучните играчи.
Гарсија кој е продукт на академијата на Барселона, Ла Масија, во 2017 година потпиша за Манчестер сити, но четири години подоцна се врати на „Камп Ноу“.
Изминатото лето со репрезентацијата на Шпанија триумфира на Светското првенство кое се одржа во САД, Канада и Мексико.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.